Ресторани и барови
Одличен почеток за совршено гастрономско доживување.
Нашите ресторани ви нудат незаборавно гастрономско искуство
Доживејте ја елеганцијата и софистицираноста во нашитe ресторани, каде што традицијата и модерните кулинарски техники се спојуваат. Со внимателно избрани состојки и уметничка презентација искусете вистинско задоволство.
Главен Ресторан
Со капацитет од 500 седишта во софистициран банкет стил, главнот ресторан нуди интернационална храна и тематски вечери за гостите од хотелот сервирани во бифе стил.
- Работно време: 07:00 - 21:00
- Капацитет: 550
Камелија ресторан
- Работно време: 11:00 - 19:00
- Капацитет - Внатрешен дел: 80
- Капацитет - Тераса: 80
Национален Ресторан Струшки Кепенци
Во градината на хотелот се наоѓа националниот ресторан Струшки Кепенци кој е а ла карт ресторан. Кујната на ресторанот изобилува со модерни специјалитети приготвени со локални продукти, кои ќе ви овозможат да ја почувствувате уникатноста на македонската традиција.
Со капацитет од 100 седишта во кепенците, но и до 500 седишта во останатиот дел од градината, ресторанот нуди релаксирачка, интимна атмосфера за топлите летни ноќи.
- Работно време: 09:00 - 21:00
- Капацитет: 100 + 500
Нашите барови ви нудат уникатно искуство со извонредни коктели и пријатна атмосфера.
Доживејте ја елеганцијата и софистицираноста во нашитe ресторани, каде што традицијата и модерните кулинарски техники се спојуваат. Со внимателно избрани состојки и уметничка презентација искусете вистинско задоволство.
Аперитив лоби бар
Централниот бар кој се наоѓа во лобито на хотелот. Освен што опслужува пијалоци и храна во самото лоби на хотелот,
располага и со тераса со капацитет од 90 седишта, со исклучителен поглед на Охридското Езеро.
- Работно време: 07:00 - 21:00
- Капацитет - Внатрешен дел: 100
- Капацитет - Тераса: 150
Плажа бар
Поставен на самата плажа пред хотелот. Нуди избор на најмодерни коктели, смути и освежителни пијалоци. Одличен избор за топлите летни денови.
- Работно време: 09:00 - 21:00
- Капацитет: 100