Резервација



За Хотел Дрим

Струга се разликува од останатите градови со својот мултикултурен, разноврсен и смирен карактер.

Во раздвиженото срце на оваа фасцинантна мешавина на различни стилови на живот, обичаи, традиции и културно наследство, Хотел Дрим ги отворa своите врати во 1977 година.

Прекрасно поставен на брегот на Охридското Езеро и неговиот истек во реката Црни Дрим, хотелот со 200-соби е опкружен со уникатноста на живата Струга, нудејќи не само место да се почуствувате како дома и да се релаксирате, туку и место што ќе Ве стимулира и инспирира.

Добредојдовте во Вашиот Хотел Дрим.

Хотел Дрим искуството започнува во моментот кога ќе пристигнете низ вратата на хотелот и го откриете нашиот свет. Одразувајќи ја енергичната и препознатлива околина, уникатните вкусови на Струга се вградени во ѕидовите на Хотел Дрим, со што патувањето во овој град е повеќе од едноставна посета. Тоа ќе биде Вашето персонално искуство, овозможувајќи ви да пристигнете како турист и си заминете како да сте биле тука со години. И ако навистина сакате да одите на "локален" начин, зошто да не ја одберете нашата понуда од возење со еден од нашите велосипеди и разгледате наоколу?

Хотел Дрим ги комбинира врвно професионалниот со личниот пристап, овозможувајќи внимателна и некомплицирана услуга.

Уживајте во срцето на хотелот и релаксирајте се со кафе или чаша вино во Лоби барот или искусете возбудлива кулинарска вечер во еден од нашите ресторани.

За бизнис и социјални настани, Хотел Дрим нуди 7 сали за состаноци, со најразличен капацитет.

Уживајте во Вашиот престој.