Резервација



Туристички атракции

Лоцирана на бреговите на Охридското Езеро, Струга е опкружена со мостови, прошарана со воодушевувачка архитектура и поврзана со многу патеки. Реката Црни Дрим тече низ срцето на градот, откако го поминува нејзиниот пат од изворите кај Св. Наум преку Охридското Езеро. Од Струга продолжува преку Албанија до Јадранското Море. Некогаш позната како „Енхалон“ (Јагула), Струга ги пречекува јагулите дури од Саргаското Море.

Денес, Струга е подобро позната по интернационалниот годишен фестивал на поезија, „Струшки вечери на поезијата“. Поемите се читаат од мостовите, со тоа збогатувајќи го романтичниот дух наоколу. Струга е родниот крај на најзначајните претставници на македонската културна и национална обнова во 19ти век, браќата Константин и Димитар Миладинов. Од 1962 г. со Константиновата позната поема "Т’га за југ", традиционално се отвора овој голем поетски фестивал.

А, во планините на север се одржува Вевчанскиот Карневал, каде што сé се движи! Многу други села во планините и покрај езерото нудат незаборавни доживувања за посетителите кои сакаат да го откриваат руралниот шарм на древната земја.

Црквата Св. Георгиј

Изградена во 1835 г. врз уште постара црква од 16ти век, малата црква посветена на Св. Георгиј стои во центарот на Струга. Содржи фрески од крајот на 19ти век, но нејзиното вистинско богатство е малата галерија на икони од 13ти до 19ти век, вклучувајќи ја добро познатата икона на Св. Георгиј насликана во 1267 г.

Природниот музеј

Природниот музеј беше основан во 1928 г. од д-р Никола Незлобински. На почетокот вклучувајќи ја неговата сопствена колекција, музејот сега содржи широк спектар на инсекти, птици, риби и животни од охридско-преспанскиот регион.

Галерија Вангел Коџоман

Вангел Коџоман е еден од најистакнатите современи сликари од Македонија. Неговите слики покажуваат сцени од стари куќи надвиснати над тесни улички и живот кој веќе не постои. Некои од неговите најубави слики се постојано изложени во оваа галерија лоцирана во средината на Струга.

Реката Црни Дрим

Црни Дрим истекува од Охридското Езеро во близина на хотелот „Дрим“ и го продолжува својот пат сé до Јадранското Море. Бреговите на реката се идеално место за романтични прошетки. Секоја година, на крајот од август можете да ги слушнете поетите од целиот свет рецитирајќи поезија на најразлични јазици. Тоа е воодушевувачка прилика.

Пештерска црква Архангел Михаил во Радожда

Во природна пештера на стрмната карпа над селото Радожда се наоѓа црквата посветена на Архангел Михаил, која е една од најстарите пештерски цркви откриени на бреговите на Охридско Езеро. Фреските, насликани на нееднаков ѕид, датираат од крајот на 13ти век. Подробно истражување открива невообичаено убава претстава на Архангел Михаил во композицијата Чудото во Кана.

Пештерски цркви во Калишта

Малата пештерска црква посветена на Раѓањето на Пресвета Богородица, се наоѓа високо во карпите на западниот брег на Охридското Езеро, во близина на селото Калишта и е дел од тамошниот манастирски комплекс. Внатрешноста на црквата е насликана за време на 15ти или 16ти век. Сосема близу, на стрмен гребен кој гледа накај Охридското Езеро, се наоѓа уште една пештерска црква посветена на Св. Атанасиј Велики. Старите фрески во црквата се од втората половина на 14ти или првата половина на 15ти век.

Вишни

Лоцирано во подножјето на планината Јабланица околу 10 км северозападно од Струга се наѓа убавото село Вишни. Опкружено е со шума од букови и дабови дрвја. Пештерската црква посветена на Вознесението Христово се наоѓа на 3 км од селото. Фреските датираат од крајот на 14ти век.

Ранохристијанска базилика во Октиси

Во близина на Вевчани, во планинското село Октиси се наоѓа христијанска базилика од крајот на 5ти или почетокот на 6ти век. Мозаичниот патос на црквата е богато украсен со претстави на елени, коњи, цвеќиеа, дрвја и геометриски орнаменти.

Вевчани

Вевчани е големо село лоцирано 14 км северозападно до Струга. Изградено е на стрмна падина под покривот на планината. Архитектурата во селото е особено привлечна со многуте стари куќи и градби во различни стилови и форми. Звукот на водата може да се слушне, течејќи низ каналите преку селото. Водата доаѓа од познатите Вевчански Извори, чиј тек се движи од 400 до 4000 литри во секунда. Старата воденица сé уште меле пченка, пченица и други разни житарици, кои со векови се присутни во регионот. Одејќи преку богатата ореова шума можете да се искачете до селото Горна Белица.

Вајтош

На означените пешачки патеки над Вевчани се остатоците на стариот римски пат Виа Егнација, кој води преку убавата шума до Вајтош, древно место за одмор кое го користеле трговските патници, на патот меѓу Јадранското крајбрежје и Црното Море. Оттука се опфаќа спектакуларна глетка преку целата долина на Охридското Езеро.

Горна Белица

Лоцирано на 1600 метри над нивото на пораст на дрвјата, и блиску до албанската граница, до селото Горна Белица може да се стигне со автомобил, велосипед, пеш од Струга или искачувајќи се од Вевчани. Тамошната црква Св. Петка е под реставрација. Сопствениците на викендици нудат сместување, а исто така во центарот на селото се наоѓа и хотел.

Извор на информација.  (линк до ново прозорче)

Цени во Струга

Цени во Струга

Следните цени се само примери за тоа што можете да очекувате од цени додека престојувате во градот Струга.

Сите цени се флексибилни и заокружени на сумите.

 

Маркети

   

Млеко, 1 литар

50 мкд

 

Леб (500г)

30 мкд

 

Јајца

180 мкд

 

Локално сирење (1кг)

240 мкд

 

Пилешко месо (1кг)

180 мкд

 

Јаболка (1кг)

30 мкд

 

Портокали (1кг)

30 мкд

 

Домати (1кг)

60 мкд

 

Компири (1кг)

30 мкд

 

Вода(0.5л)

30 мкд

 

Шише вино

360 мкд

 

Пиво (0.33л)

60 мкд

 

Увозно пиво (0.33л)

90 мкд

 

Кутија цигари

120 мкд

 

 

   

Транспорт

   

Билет во еден правец (локален транспорт)

60 мкд

 

Такси (нормална тарифа, во градот Струга)

60 мкд

 

 

 

Облека и обувки

   

1 пар фармерки

1200.00 мкд

 

1 летен фустан

1200.00 мкд

 

1 пар обувки

1800.00 мкд

 

1 пар машки чевли

1800.00 мкд