Резервација



Политика за рефундирање

 

  • Политика за откажување на резервација

Известување за откажување на резервација која е платена  мора да стигне до одделот Продажба на А.Д. Инекс Дрим (телефон: +389 46 785 800, e-mail: hdrim@t-home.mk).

14 дена однапред за туристички групи, од датумот на пристигнување, без никаков финансиски надоместок. За ненавремено откажаните резервации на групите, гостите треба да платат 50% од вредноста за првата вечер.

 

  • Политика на рефундирање

Учесникот на сместувањето има право на рефундација на износот за нереализираните услуги. Во ретки случаи кога нема можност за сместување во резервираниот објект, поради технички причини или “over booking” од страна на хотелиерот, организаторот ќе го смести патникот според можностите во дадениот момент, во објект од иста категорија или од повисока категорија, без надомест.

 

  • Право на гостинот за откажување од сместувањето

Патникот може во секој момент да се откаже од сместувањето и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот), според следната скала:

  • за отказ до 30 дена пред сместувањето се наплатува 5%
  • за отказ од 29 до 22 дена пред сместувањето 10%
  • за отказ од 21 до 15 дена пред сместувањето 20%    
  • за отказ од 14 до 08 дена пред сместувањето 50%
  • за отказ од 07 до 01 дена пред сместувањето 100%
  • ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%.

Во случај на отказ на веќе потврдена “резервација на упит”, организаторот ќе наплати отказни трошоци во висина на уплатената аконтација.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на сместувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената .

Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на сместувањето, поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту гостинот ниту А.Д. Хотел Дрим не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, А.Д. Хотел Дрим не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги.