Резервација



Политика на приватност

Со користење на оваа web страна, односно услугите кои се наведени, Вие ги прифаќате условите, информациите и известувањата кои се наведени. Доколку не се согласувате со условите, Ве молиме не ја потврдувајте услугата која е наведена.

Прибирањето на сите податоци од оваа интернет страна се во согласност со Законот за заштита на личните податоци (“Службен весник на Република Македонија” бр.7/05 и 103/08).

 

  • Заштита на приватноста

АД Инекс Дрим ја почитува Вашата приватност и работи според следните начела: 
- Напомнуваме кога ни се потребни Вашите лични податоци.
- Ги проследуваме податоците до трето лице давател на услугата која ја резервирате или ја плаќате преку А.Д. Инекс Дрим.
- Исто така ги користиме Вашите лични податоци за обработка на Вашите барања во рамките на системот на резервации на А.Д. Инекс Дрим и повремено да Ве известиме за новините кои се однесуваат на услугите на А.Д. Инекс Дрим. 
- Заради точноста на Вашите податоци во моментот кога побарувате наша услуга или друга информација Ве молиме да не известите доколку дојде до промени во Вашите лични податоци или доколку погрешно се внесени. 

Доколку забележите дека А.Д. Инекс Дрим не постапува според овие начела или ако имате било каква друга забелешка на начинот на работење, известете не на hdrim@t-home.mk заради итна корекција на евентуалните пропусти односно решавање на проблемот во што покус рок.

Вие самите ги контролирате информациите што ги давате на А.Д. Инекс Дрим. Во секој случај, ако одлучите да не ги оставите вашите податоци на А.Д. Инекс Дрим, ве молиме имајте предвид дека можеби нема да ви бидат достапни некои делови од веб сајтот, како ни можноста за купување на услугите и производите.

 

  • Ограничување на лично, некомерцијално користење

Оваа web страна е наменета за корисниците за лична, некомерцијална употреба. Не е дозволено менување, копирање, дистрибуција, прикажување, објавување или на кој било друг начин пренесување и продавање на било која информација, услуга или производ кој е објавен на овие страници.

 

  • Сопственост на содржините

Содржините на овие web страници се сопственост на А.Д. Инекс Дрим, Кеј Борис Кидрич 51, 6300 Струга, освен дел од фотографиите кои се користат во комерцијални цели, а на барање на авторот или сопственикот ќе бидат повлечени од страниците (доколку не се постигне друг договор).

 

  • Ограничување на одговорноста

Информациите на овие страници се сметаат за исправни во моментот на внесување, сите податоци редовно ќе се прегледуваат, а евентуалните грешки веднаш ќе се отстрануваат. А.Д. Инекс Дрим го задржува правото да ги менува податоците на овие страници без посебно известување.

 

  • Забрането илегално користење

Со користењето на овие web страници се обврзувате добиените информации да не ги користите за забранети нелегални цели и дејствија.

 

  • Линкови на страни на трети лица

Овие страници можат да содржат “линкови” на страници на други фирми и лица. Тие линкови се само за Ваша информација, а А.Д. Инекс Дрим не сноси одговорност за точноста на информациите и содржината на тие страници.

 

  • Промена на овие и други услови во работењето

А.Д. Инекс Дрим го задржува правото да ги менува условите за користење на web страниците и другите услови на работење. Промените не се однесуваат на веќе извршените и наплатени резервации.

 

  • Користење на услугите

Web страницата исклучиво има за цел да помогне на корисниците да се информираат за понудата на услуги преку описите и фотографиите, да се информираат за слободните термини, и да извршат резервација и уплата на бараните услуги. Ве известуваме дека за реализација на трансакциите преку нашите страници морате да бидете полнолетни, и дека ја прифаќате финансиската одговорност за трансакциите кои ги вршите Вие лично или малолетните лица кои се под Ваш надзор и можат да ги користат Вашите податоци, како и за вистинитоста и точноста на податоците кои ни ги давате за реализација на резервацијата или финансиската трансакција. Во случај на било каква злоупотреба на овие страници (внесување на лажни резервации или слично) ќе Ви биде оневозможен пристап на овие web страници.

 

  • Дополнителни напомени

А.Д. Инекс Дрим ќе се труди да ја проверува точноста на податоците на овие страници и да ја проширува својата понуда.  Доколку имате некои прашања што се однесуваат на заштитата на личните податоци и како ракуваме со нив, ве молиме контактирајте не hdrim@t-home.mk. На ваше барање, ќе бидете во најскоро можно време информирани кои од вашите лични податоци, доколку ги има, се прибрани за време на вашите посети на веб сајтот на А.Д. Инекс Дрим. А.Д. Инекс Дрим се обврзува да ја заштити безбедноста на вашите лични податоци. Вашите податоци грижливо се чуваат од губење, уништување, фалсификување и неовластен пристап.

 

 

Со почит,

А.Д. ИНЕКС ДРИМ