Резервација



Запознајте го тимот

Со големо задоволство сакаме да Ве запознаеме со луѓето кои ги прават Дрим Хотели толку посебни и кои продолжуваат долга традиција на искрено и релаксирано гостопримство. Повеќето од професионалци кои работат тука биле во хотелот многу години: нивните вештини се на исклучително високо ниво и гостите можат да очекуваат одличен стандард на услуга.
 
Ние веруваме во крајниот потенцијал на секој член од нашиот тим и очекуваме сите вработени да се грижат пред сè за обезбедување на удобноста на нашите гости.
 
Ако имате било какви прашања што би сакале да ги поставите на било кој од нас, ве молиме јавете се или пишете ни во секое време.
 
Сите ние со нетрпение очекуваме да Ви посакаме топло добредојде во убавата Струга и Дрим Хотели наскоро!
 
 
  • Крсте Блажески - Генерален Директор

Г-дин Блажески е роден во Струга, но на возраст од 14 се преселил (заедно со неговите родители и помладиот брат) во Соединетите Американски Држави. Зборува течно англиски јазик. На 21 година тој се враќа во Македонија за да го заврши своето високо образование. По две години се враќа во САД и отвора сопствен бизнис. Во тој период управува со приватна градежна компанија, транспортна компанија, ресторани и хотели. Од 2004 година, тој е еден од сопствениците на АД Инекс Хотел Дрим / Дрим Хотели - голем туристички комплекс на два хотели и место за кампување. Во 2008 година, тој се враќа во Македонија и оттогаш го раководи комплексот. Како волонтер тој бил претседател на Македонската православна црква во САД во период од четири години. Она што тој го сака најмногу од Струга е тоа што има релаксирана клима, е град на две води, а особено го сака главниот ресторан во хотелот Београд во центарот на градот.

 

Г-ца Ана Јанчева е хотел менаџер на Дрим Хотели од 2011. Таа е родена во главниот град Скопје. Таа има меѓународно искуство во туризмот и угостителскиот сектор, додадени на нејзиното искуство во Македонија во истата област, на брегот на Охридското Езеро. Таа го заврши образованието во Ставангер, Норвешка, добивајќи титула Master of science in International Hotel and Tourism Leadership. Нејзини омилени работи во однос на Струга се нејзината опуштена атмосфера, гостопримството, мирот и спокојството кои "двете води" и ги дава на Струга и ја прават идеална за одмор или бизнис конференција. Нејзиното мото е "Научете. Создадете. Мотивирајте."

 

 Г-ѓа Манчевска го заврши своето високо образование на Правниот факултет во Скопје. Таа работи на нејзината моментална позиција во Дрим Хотели од 2007 година.

 

Г-ѓа Петкоска е со нас уште од 2006 година, при што работи во рамките на секторот сметководство во фирмата. Таа е на нејзината моментална позиција од 2011 година. Има искуство од неколку години по нејзиното завршување на универзитетски студии на Економскиот факултет во Скопје. Гостопримството на луѓето кои живеат во Струга, смиреноста и пријателската атмосфера, сите заедно со сценографијата на Охридското Езеро и реката Црн Дрим рамо до рамо се нејзините омилени.

 

Г-ѓа Дуновска го заврши своето образование на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид и работи во Дрим Хотели од 2006 година. Таа го сака летото и плажите на Охридското Езеро.

 

  • Васил Талевски - Шеф на кујна - hdrim@t-home.mk

Г-динот Талевски е човекот што го претвора Вашето кулинарско уживање во незаборавно, уникатно и повеќе од вкусно доживување. Тоа постојано се докажува со високите оценки на нашите гости во однос на храната што како хотел ја нудиме. Со повеќе од 15 години искуство работејќи на секакви видови на исклучителни деликатеси низ магијата на кујната, г-динот Талевски доаѓа на ова место и со своите магистерски студии на Факултетот за туризам, во неговата област. Освен неговото искуство на брегот на Охридското езеро, нашиот шеф на кујна има и интернационално искуство, при што едно од нив е во Кардиф, Велс, Велика Британија. 

  • Кире Баракоски - Менаџер за храна и пијалаци - hdrim@t-home.mk

Г-дин Баракоски има искуство во туристичкиот сектор од над 27 години. Своето образование го почнува во Охрид, а подоцна студиите ги завршува во Белград, Србија. Тој сака многу работи, нагласувајќи го широкиот спектар на можности што Струга и овој регион имаат да го понудат.

 

  • Менче Луцијаниќ - Менаџер на одржување - mence.lucijanik@drim.com.mk 

Г-ѓа Луцијаниќ има 14 години искуство во оваа област, а во Дрим Хотели започна со работа во 2000 година. Таа го сака Охридското Езеро и хоризонтот што се исцртува над него.