Резервација



Историја

Крај брегот на Охридското езеро, во градот Струга, во 1977-та година никнува Хотел Дрим, инспирирајќи многумина и опстојувајќи повеќе од 30 години со својот квалитет и традиција.

Лоцирана на бреговите на Охридското Езеро, Струга е опкружена со мостови, прошарана со воодушевувачка архитектура и поврзана со многу патеки.

Реката Црни Дрим тече низ срцето на градот, откако го поминува нејзиниот пат од изворите кај Св. Наум преку Охридското Езеро. Од Струга продолжува преку Албанија до Јадранското Море. Некогаш позната како „Енхалон“ (Јагула), Струга ги пречекува јагулите дури од Саргаското Море.

Денес, Струга е подобро позната по интернационалниот годишен фестивал на поезија, „Струшки вечери на поезијата“. Поемите се читаат од мостовите, со тоа збогатувајќи го романтичниот дух наоколу. Струга е родниот крај на најзначајните претставници на македонската културна и национална обнова во 19ти век, браќата Константин и Димитар Миладинов. Од 1962 г. со Константиновата позната поема "Т’га за југ", традиционално се отвора овој голем поетски фестивал.

Од историски аспект, хотелот е изграден на местото на хотелот Гранд, за кој се вели дека бил навистина убав хотел, изграден на местото каде што е денешниот национален ресторан Струшки Кепенци (во градината на Хотел Дрим), веднаш до дрвеното мостче на реката Црни Дрим. Хотелот Гранд имал проблем со подземните води кои ги имало на оваа локација и имал доста проблеми со поплавување на неговите подрумски и магацински простори. Хотел Дрим е започнат со изградба во 1974-та година, а е свечено отворен во 1977-ма година во присуство на скоро целосниот економски и политички крем на тогашната Република Македонија.

Во 2004-та година станува приватна соственост на компанија А.Д. Инекс Дрим, која со својата историја, традиција и желба да ги задоволи сите современи бизнис стандарди нуди совршена можност за Ваша релаксација и одмор.

Нашата историја е богата со најразлични настани од најразличен карактер. Растејќи заедно со градот Струга, бевме сведоци на мал милион насмевки.