Резервација



Настани

Дополнително на бројните можности кои ги нудиме , Хотел Дрим е идеална дестинација за стимулирање на вашите понатамошни професионални успеси. 

Одличните капацитети и технички можности како и добрата организација, придонесоа Хотел Дрим да се афирмира како традиционален домаќин на конгреси, конференции,  симпозиуми и настани од најразличен карактер.

Хотелот нуди 7 конференциски сали со капацитет на сместување од над 750 лица во ист момент, како и можност за задоволување на потребите на секој организатор и за сечиј буџет.

Погледнете го нашиот каталог за за да се запознаете со условите за одржување на настани тука.

 

Забави & Свечености

Кога сакате да обележите некој момент од особена важност, нека Хотел Дрим ви биде ваша десна рака.

Тука можете да ги најдете специјалните менија со кои што Вашите компаниски прослави можат да бидат најдобри и најуникатни. 

Cocktails

Настани - месец по месец

Настани што се случуваат во Струга и нејзината околина, распоредено по месеци:
(со клик на нив, ќе се отвори нов прозорец што ќе води до сајт со информации околу нашите понуди во текот на тој месец, информациите ќе се ажурираат навремено)

  • ЈАНУАРИ
    Вевчански карневал (13-14.01)
    Водици (19.01)
  • ФЕВРУАРИ
    Зимата во градот е неповторлива. Пробајте кувано црвено вино на брегот на секогаш мирното езеро.
  • МАРТ
    Пролетта го буди целиот регион и целата природа. Почувствувајте го ритамот на градот и запознајте ги луѓето што живеат во Струга, малечок град на брегот на Охридското езеро. 
  • АПРИЛ
    Одлично време за искачување и планинарење на планините во близина на градот. Планинарење до врвот на планината Галичица (за да ги видите двете македонски езера - Охридско и Преспанско) или до врвот на планината Јабланица (или до селото Горна Белица)
  • МАЈ
    Истражете ја природата во близина на Струга. Посетете го селото Вевчани и уживајте во Изворите на вода на врвот од селото. Магијата на природата едноставно блеска.
  • ЈУНИ
    Искористете го почетокот на летото со истражување на брегот на езерото, на велосипед. Уживајте во прекрасните пејсажи наоколу и спортувајте. Од Струга до градот Охрид - 14 километри, од Струга до границата со Албанија - 14 километри.
  • ЈУЛИ
    Балканскиот фестивал на народни песни и игри во Охрид (првата половина на месецот) 
    Охридско лето (почнува во јули, а завршува во август) 
    Kenge Jeho (втората половина на месецот)
  • АВГУСТ
    Ревија на народни носии (првата половина на месецот)
    Струшки Вечери на Поезијата (втората половина на месецот)
    Охридскиот хорски фестивал (втората половина на месецот)
    Охридскиот пливачки маратон (втората половина на месецот)
    Охрид фест (втората половина на месецот)
  • СЕПТЕМВРИ
    Струшка музичка есен (втората половина од месецот) 
  • ОКТОМВРИ
    Одлично време за искачување и планинарење на планините во близина на градот. Планинарење до врвот на планината Галичица (за да ги видите двете македонски езера - Охридско и Преспанско) или до врвот на планината Јабланица (или до селото Горна Белица)
  • НОЕМВРИ
    Пробајте македонска традиционална храна и пијалоци, во еден од нашите ресторани.
  • ДЕКЕМВРИ
    Зимата во градот е неповторлива. Пробајте кувано црвено вино на брегот на секогаш мирното езеро.