Резервација



Рекреација

Откријте колку е лесно да се почувствувате релаксирано и блажено со рекреативните активности кои ви ги нуди Хотел Дрим.

Пред се тука главно место завзема песочната плажа распослана долж брегот на Охридското Езеро, опремена со удобни лежалки и чадори за сонце, а исто така тука е и  надворешниот базен кој ке ви овозможи да уживате и да се освежите во летните жешки денови. За врвна релаксација ви нудиме различни видови на професионална масажа, а за најмалите имате на располагање катче за анимација во нашиот Drimland  каде децата можат да се забавуваат под будното око на нашите аниматори. 

А, за оние кои сакаат сами да ги разгледуваат убавините на нашата прекрасна околина им стојат на располагање велосипеди кои можат да ги  изнајмат и да тргнат во истражување се со цел својот одмор да го претворат во незаборавно искуство. Во текот на вашиот престој кај нас ви нудиме  да направите чекор и да ги искористите рекреативните спортски терени за кошарка, одбојка, ракомет, тенис,  кугланата...  

 

Појадок на сред Охридско Езеро

A, што велите за појадок на сред Охридско Езеро? :)

Овозможено ЕДИНСТВЕНО од Хотел Дрим. 

За информации околу оваа понуда, контактирајте не на +38946785800 и на e-mail: hdrim@t-home.mk