Резервација



Барови - Хотел Дрим

SpetialВо секое време ви стои на располагање Аперитив Барот (во лобито на Хотел Дрим), достапен за Вас за освежување и разонода. Самата сценографија на местото е одличен начин да се наполнат батериите, да се здружат старите и новите пријатели и да се најдат нови извори на креативност. 

Исто така тука е и Камелија Барот кој се наоѓа помеѓу приватната плажа на Хотел Дрим и отворениот базен Камелија, целосно функционален преку летото. Таму ќе најдете голем асортиман на пијалоци, сендвичи и оброци кои ќе го задоволат вашиот апетит. Во најжешките месеци од годината допуштете си освежување.

Дримски вина

Ако сакаш да запознаеш некој народ, седни на неговата маса и пиј од неговото вино – Италијанска поговорка

“If you want to get to know a nation, sit on their table and drink from their wine” – Italian proverb

 

Република Македонија се наоѓа во југоисточниот дел на Европа и го завзема централниот дел на Балканскиот Полуостров. По своите релјефни карактеристики Македонија е планинско-котлинска земја со просечна надморска висина од 829 метри. Македонија е значајна раскрсница и временска и просторна, бидејќи низ неа се испреплетуваат историите, културите и традициите на цивилизациите и милениумите. Тука некаде се вклопува и умешноста на правење вино која претставува склоп на повеќе елементилозата, земјата, поднебјето, сонцето, мирисот вкусот, луѓето.... кои заедно претставуваат хармонична целина и плодна почва за производство на висококвалитетни вина. Корените на винарството во Македонија датираат уште од античко време. Македонскиот народ од секогаш е познат по својата топла срдечност, гостопримливост и убавото сортно вино. Ние Ви ги нудиме нашите специјално селектирани Дримски вина.

Повелете во Македонија, празник за Вашите сетила!


***



  • . 2011 Drim Hotels Совињо Бланк (Капија, Тиквеш регион, Кавадарци)              
 
 
 
  •     2011 Drim Hotels Вранец (Капија, Тиквеш регион, Кавадарци)    
 
  •   2011 Drim Hotels Каберне Совињон (Капија, Тиквеш регион, Кавадарци) 
  •   2011 Drim Hotels Каберне Жилавка (Капија, Тиквеш регион, Кавадарци)