Резервација



Историја - Хотел Београд

Во далечната 1989 година, во склоп на државната компанија А.Д. Инекс Дрим - Струга, се јавува Хотел Београд.

Својот 15-ти роденден го прославува со приватизирање на истата компанија и од 2004 година па натака опстојува како единка во склоп на приватната компанија А.Д. Инекс Дрим - Струга.

Изграден е во стилот на традиционалната македонска архитектура, а автентичниот внатрешен амбиент ја дополнува сликата за старата и богата македонска култура. 

Хотелот се наоѓа во самиот центар на градот, опколен со реката Црни Дрим од една страна, чаршијата од другата страна и стариот дел од градот. Вистинско место за да се почувствува ритамот на градот.